Потона мал брод по судар со друго пловило во Црно Море

0
218

Мал брод потона во водите на Црно Море откако се судри со друг пловен објект во реонот на градот Бејкоз, во окрупот Истанбул, информира електронското издание на весникот „Хуриет“.

Инцидентот се случил рано утринава во 2.30 часот.

Единаесет лица од 12-члениот екипаж на потонатиот брод се спасени, а еден се води за исчезнат.

Екипи на крајбрежната стража трагаат по исчезнатиот.

Без коментари

LEAVE A REPLY