Потпишан договор, Битола ќе добие топлификација

0
466

Со потпишувањето на меѓувладиниот договор со Германија и финансискиот договор со KFW, се обезбедени 39 милиони евра, од вкупно 46,5 милиони евра кои што се потребни за изградба на системот за топлификација за Битола, Новаци и Могила.

Останатите 7,5 милиони евра ќе ги обезбеди ЕЛЕМ од сопствени средства.

-Воведувањето на центраелен топлински систем за Битола и околината е идеја која што постоеше со децении наназад и која што им ја ветивме на граѓаните на последните локални избори. Еве сега таа идеја со овие договори станува реализација. Битола со овие финансиски средства ќше добие топлификација, изјави по потпишувањето на договорот министерот за финансии Зоран Ставрески.

Со овој проект е предвидено да се употреби отпадната неискористена топлинска енергија од РЕК Битола преку изградба на систем за топлинска енергија.

Освен домаќинствата за Битола предвидено е е во мрежата да се приклучат и 35 јавни објекти од општината.

Без коментари

LEAVE A REPLY