Потпишан договорот за избори на 11 декември

0
367
По изборот на петтиот член во ад-хок телото за медиуми, партиите ја тргнаа и последната пречка за одржување избори наесен. Откако ВМРО-ДПМНЕ и ДПА се повлекоа од преговорите за овој член, СДСМ и ДУИ се договорија тоа да биде Љузмим Хазири, дописникот на МТВ од Гостивар.
По овој напредок, се потпиша и договорот за одржување избори. Изборите ќе се одржат на 11 декември. Договорот вечерва во Клубот на пратениците го потпишаа лидерите на четирите најголеми политички партии.

Владата која ќе ги организира изборите треба да биде избрана на 2 септември согласно договорот од 20 јули годинава.

Нов уредник на информативната програма на МТВ ќе биде Санта Аргирова чиј мандат ќе започне од 2 септември и ќе трае до крајот на изборниот процес.

На лидерската средба е договорено и Љуљзим Хазими да биде петтиот член на Привремената комисија за следење на медиумското претставување, која исто така ќе работи до крајот на изборите.

Без коментари

LEAVE A REPLY