Потпишана спогодба за воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан

0
263

Меѓународната спогодба за воспоставување на Регионалната канцеларија за младинска соработка за Западен Балкан беше потпишана во понеделник попладне во Елисејската Палата во Париз.

Спогодбата ја потпиша премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, а потпишувањето се одвива во рамки на одржувањето на Самитот за Западен Балкан кој од 03-05 јули се одржа во Париз, Франција, а започна со потпишувањето на Заедничката Декларација за воспоставување на оваа канцеларија на 27. август 2015 на минатогодишниот самит за Западен Балкан одржан во Виена, Австрија.

На чинот на потпишување како и на целодневните настани за млади учествуваше и Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески како претставник на АМС.

Канцеларијата за младинска соработка ќе овозможи поврзување и поттикнување на соработката на младите од Западен Балкан. /крај/со/ст