Потпорен ѕид во Ниже Поле

0
738

Во селото Ниже Поле често се појават свлечишта, кои навремено се санираат. Во овој период  се работи на свлечиштето кај џамијата, односно во завршна фаза е изградбата на потпорниот ѕид  кој е со должина од 65 метри.  

29.07.Staleski

Со санацијата на овие 65 метри и со поправката на оваа улица, главниот проблем на мештаните ќе биде решен. Вредноста на овој проект, заедно со два пропусти за атмосферска вода кои ќе се направат на улицата, е некаде околу  милион денари.”- изјави градоначалникот на општина Битола д-р. Владимир Талески.

Изградбата на потпорниот ѕид е бенифит за сите сметаа жителите

29.07.leoinida

Ова е капитален објект затоа што оваа улица поврзува друг дел од селото каде што некои купиле куќи а дого време биле напуштени и сега за време на летниот период се враќаат во своите домови , и затоа оваа улица претставува артерија за поврзување на овој дел од селото“, изјави Леонида Чолаковски жител на с.Ниже Поле.

Потпорниот ѕид е направен на барање на жителите.

Без коментари

LEAVE A REPLY