Потпретседателот на САД Пенс ја почна европската турнеја

0
203

Американскиот потпретседател Мајк Пенс допатува во главниот град на Естонија Талин каде што ќе се сретне со претседателите на трите балтички држави, Естонија, Летонија и Латвија. Талин е прва станица на неговата четиридневна европска турнеја.

За време на посетата на потпретседателот на САД Мајк Пенс на 2 август, во Подгорица се очекува целосно запирање на сообраќајот на трасите каде тој ќе се движи, а најавено е и дека воздухопловниот сообраќај ќе биде затворен на неколку часа, кога тој ќе слета во Подгорица.

На 2 август во Подгорица ќе се одржи средба на потпретседателот на САД со високи претставници на земјите членки и на земјите набљудувачи, членки на Јадранската повелба, чиј претседавач оваа година е Република Македонија.

Република Македонија заедно со Црна Гора е и кодомаќин на овој значаен настан.

Македонија, заедно со Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина е членка на Јадранската повелба, а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји набљудувачи во групата.

Групата Јадранска повелба е формирана под покровителство на САД во 2003 година и има за цел да ги координира активностите за поддршка на земјите аспиранти за членство во НАТО.

Без коментари