Потребни се нови избори – бројките не гарантираат стабилно Собрание

0
841

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува непроменет – предвремени парламентарни избори затоа што, како што изјави Илија Димовски во вестите на Сител, бројките и соодносот во Парламентот не гарантираат стабилност.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го почитува Уставот, Деловникот за работа на Собранието, но ќе се бори за да ги зачува државните и националните интереси.

„ Оваа тензична атмосфера која ја имаме денеска, ќе ја гледаме и во иднина во Собранието. Затоа и поради многу други причини кои сме ги збореле, Тиранската платформа, протестите на граѓаните, постизборната измама, треба да има предвремени избори„  рече во неделата Димовски.

Димовски вели дека во Македонија во моментот има незрела политичка ситуација затоа што има губитничка партија која сака да формира влада, а постои и платформа која е донесена по изборите и за која никој не гласал./крај/мф/кс