Потсетување на битолските култни места на дебатната проекција на Контра кадар

0
958

Серијата на проекции за Битола на дебатното кино Контра кадар, заврши со документарниот филм на Агим Џело – Забот -„Антологија на битолската рок сцена“.

По проекцијата, на дебатната дискусија гостуваше и Иле Косата.

Заеднички посетителите со организаторите се потсетија на култните места од деведесеттите, на бендовите, на журките, на Fluxus, Visage, Feedling, Orfej, на Xavier Acid, Orion, Чоканче, Фолтин, на Елементи, на мајскиот рок хепенинг.

Заклучокот од дискусијата беше дека на Битола му е потребно едно збирно место, кое ќе ги собере сите алтернативци и ќе отвори простор за соработки, размена на мислења и креативно надградување.

Место каде нема да биде важен профитот, туку промовирање на нови музички правци, со што ќе овозможи проширување на алтернативата сцена во градот.