Поттикнување на практиканството на студентите

0
1378

Студентите од Факултетот за правни науки при Меѓународниот славјански универзитет ќе можат да бидат практиканти во Дирекцијата за заштита на личните податоци со потпишувањето на денешниот меморандум помеѓу овие две институции. memorandum

-Во минатото кога ќе завршевме имавме научна основа, но практична работа ни фалеше. Сега ќе го промениме тоа, вели проф. д-р Александар Илиевски, декан на Факултетот за правни науки.aleksandar

Соработката со високообразовните институции е важна за Дирекцијата.

-Преку студентите ја подигнуваме јавната свест за личните податоци кај младата популација, вели Димитар Ѓорѓиевски, директор на ДЗЛП.dimitar

Покрај официјализирање на соработката, се одржа и предавање со цел студентите повеќе да се запознаат со темата „заштита на лични податоци“.