Повеќе гости од земјава и странство на 5-тото издание- Мото тура Битола

0
400

Битола беше домаќин на 5-тиот по ред мото собир во организација на мото клубот Конзули.

Оваа година традиционално, овој собир започна на плоштадот Магнолија, од каде гостите го започнаа дефилето низ градот.

Мото клубот Конзули од Битола е клуб формиран во 2011, од повеќе основачи ентузијасти.Членовите – моторџиите, повеќе години учествуваат на различни мото тури и дружења.

Мото клубот Конзули Битола, е отворен клуб за заинтересирани моторџии и љубители на мотори кои сакаат дружење, возење и учество на разни собири, манифестации, хуманитарни акции, чувајќи ја природата и околината.mototura1

Главната манифестација на мото собирот, се одржа во ски центарот на Нижо Поле, каде започна официјалната програма, со одлична забава за која се погрижија Сакис Доволис трио од Грција, Рок Банда и Рокенролерс од Битола.

Инаку Македонија оваа година беше домаќин на информативното патување за претставници на магазинот Мотоциклизмо , водечко списание за мотоциклизам од Италија, кое 100 годишниот јубилеј на своето постоење, го одбележа со патување низ нашата земја. Во истото е препорачана мото тура низ Македонија која го опфаќа нашиот град а меѓу другите и Скопје, Охрид, Маврово, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Берово, Кратово и Куманово.

Без коментари

LEAVE A REPLY