Повеќе настани во Битола за помош на Гого

0
1028

На Горазд Николоски -Гого од Битола му е потребна помош сега повеќе од кога и да е.
На Гого неодамна му е дијагностициран малиген коскен тумор на десната нога. Пред него е период на борба и лечење. Гого верува во себе, но потребна му е и нашата помош.12310472_10207443899789701_9079498281823366483_n

Низ животот извози многу километри, искачи многу височини, победи многу лични и спортски натпревари. Сега го трча најважниот животен маратон, на патека со многу пречки. Но, тој е многу голем борец, со силен спортски и победнички дух, само му е потребна мала помош од нас.

Да ја покажеме нашата хуманост и да помогнеме со нашите донации. Лекувањето е веќе започнато и мора брзо да се реагира за да може да се спаси ногата на Гого и да му се овозможи нормален живот.12341406_10207443900109709_2706805785390354221_n

Можете да донирате на телефонските броеви-
За корисниците на ОНЕ: 075 143 650,
За корисниците на ВИП: 077 143 193,
За корисниците на Т-мобиле: 070 143 191,
(со секој повик донирате 100ден +18% ддв).

На жиро сметка-Kомерцијална банка А.Д. Битола: 300067021014554
НЛБ тутунска банка: 210-5016692926-43, Горазд Николоски,
Ул. Климент Охридски 3б , 7000 Битола.
Девизна сметка:
Acc No: 0230705560582
IBAN: MK07300307055605809
SWIFT: KOBSMK2XBTB.

Изминатиов период битолчани максимално се организираа за помош на Гого.

Досега беа организирани повеќе настани, пред се од клубот каде Гого е член, од спортско качувачкиот клуб Вертикал, во акцијата се вклучија и планинарските друштва од Битола како и Бурбон бар, Бар чаршија, кафе бар Радост, Камарите а секојндевно се вклучуваат и се повеќе кафе барови.

Средствата кои беа собрани на концертот на Ламбе Алабаковски и Димитар Андоновски, а беа наменети за Пеце Роговски, кој за жал не издржа во неговата борба со болеста, битолските пејачи ги пренаменија за Гого .Исто така беа организирани хуманитарни натпревари од тенискиот клуб Битола и Академија Павловски.12336373_10205817366448506_2011874516_n

Следуваат уште неколку настани за помош на Гого и тоа-

на 10-ти декември, четврток, База сити ноќниот клуб организира настан на кој ќе настапат диџеј Мустаче, The Government, Rock and rollers, Eruption.

На 12-ти декември забавата во Позитив ја прават-Никола Кунич, Дејан Декс, Кристијан Петровски, Дени Л, Сашо Ресид.

Главниот настан е во недела во центарот за култура на кој ќе настапат Фолтин а со стенд ап настап, Марјан Ѓоргиевски и Љупчо Крстевски.

Истиот ден во хотел Епинал се организира традиционалната тортијада, од која оваа година собраните средства ќе одат за помош на Гого.

Дамјан Пејчиноски со хуманитарен концерт во Порта џез, се придружува на акцијата заедно со Lions Club Кабадаја.
Да помогнеме, да подадеме рака, како и до сега.

Максимално да се ангажираме и да му помогнеме на нашиот голем борец, на Гого.