Повеќе од 1.100 мигранти беа спасени во Средоземното Море

0
291

Повеќе од 1.100 мигранти беа спасени за 24 часа во Средоземното Море во реонот меѓу Сицилија и Северна Африка. Тоа се случило откако беа спроведени вкупно 11 одделни операции со бродови на три држави и две добротворни организации. Според податоците на Меѓународната организација за миграција, од почетокот на годината во Италија пристигнале близу 31 илјади и 500 мигранти.

Миграцискиот бран се засилува кога времето се затоплува. Во периодот помеѓу 5 и 12 мај пристигнале над 2 илјади и 600 лица, што е 68 отсто повеќе отколку за претходните седум дена, велат уште од организацијата. Повеќето од овие мигранти доаѓаат од Западна Африка, и се главно Нигеријци кои плаќаат на шверцерите по 2 илјади и 500 долари за патувањето до Европа.