Повеќе од 10.000 бегалци чекаат за влез во Македонија

0
376

Илјадници мигранти чекаат за влез во Македонија. По штрајкот на поморските работници, Грција е преполна со мигранти, кои во големи групи пристигаат од Турција. Според грчките медиуми, повеќе од 10.000 бегалци се заглавени во близина на Идомени, на грчко-македонската граница.

„Голем број од децата се соочуваат со здравствени проблеми поради ладното време, а некои од нив имаат проблеми со дишењето, но нивните родители одбиваат да ги однесат на лекар стравувајќи да не го изгубат редот кој е формиран кон границата со Македонија“, вели претставник на Меѓународниот комитет за бегалци за грчкиот весник „Прототема“.

Грчката државна агенција АНА, пак, извести дека во солунското пристаниште Пиреја со два ферибота пристигнале околу три илјади мигранти и бегалци, а се очекуваат уште три брода со бегалци кои се носат од островите во источниот дел на Егејско Море. Со фериботот „Блу стар патмос“ пристигнале 1.424 луѓе, додека на „Арианди“ имало уште 1.579 мигранти и бегалци од Лезбос и Киос.

Без коментари

LEAVE A REPLY