Повеќе од 10.000 мигранти чекаат на Идомени

0
627

Над 10.000 мигранти чекаат во Идомени, на грчко-македонската граница.

Според информации од грчката полиција, уште 4.000 мигранти се наоѓаат во прифатни центри на неколку различни места. Грчката полиција е на терен, за да реагира во случај на немири.

Грција бара 480 милиони евра за згрижување на 100.000 мигранти  и за таа намена нивното Министерство за финансии отвори посебна сметка. Европската Унија нуди нова програма за помош на Грција за справување со  кризата, во висина од 700 милиони евра.

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас денеска треба да се сретне со претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, во Атина со кого ќе разговараат за бегалската криза.

Во меѓувреме албанските власти го засилија присуството на полицијата на пет гранични премини кон Македонија и Грција, за да спречат прилив на мигранти.