Повеќе од 100 загинати во експлозии во Сирија

0
472

Сириски активисти велат дека во серија бомбашки напади загинати се повеќе од 100 луѓе, во две упоришта на режимот на претседателот Башар ал – Асад.

Групата на Исламската држава ја презеде одговорноста за денешните напади.

Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, соопшти дека градот Тартус на Средоземното Море бил погоден од три експлозии. Во градот се наоѓа мал руски пооморски објект.

Четри други експлозии го погодиле крајбрежниот град Јаблех.