Повеќе од 200 уапсени во протести во САД

0
179

Повеќе од 200 луѓе се уапсени во САД за време на протестите минатата ноќ против полициското насилство врз Афроамериканците, соопштија локалните власти.

Гневот на Американците поради убиството на двајца Афроамериканци минатата недела од страна на полицијата не стивнува, а меѓу уапсените демонстранти се наоѓаат и истакнати активисти на движењето „Животите на црномурестите се важни“.

Повеќето протести биле мирни, а најмногу демонстранти се собрале во Њујорк, Лос Анџелес и Сан Франциско.

Властите тврдат дека во Сент Пол во Минесота избиле големи немири, во кои се уапсени 102 лица.

Демонстрантите блокирале автопат и ги нападнале полицајците со камења, шишиња, пиротехнички средства, Молотови коктели и метални шипки.

– Во судирите се повредени 21 припадник на полицијата, а еден од нив се здобил со повреди откако од еден надвозник врз глава му било фрлено парче бетон од 12 килограми, изјави портпаролот на полицијата Стив Линдерс.

Во градот Батон Руж биле уапсени над 100 демонстранти.