Повеќе од 40 лица се повредени на „Пиво Фест” во Приштина

0
673

Во инцидентот што доцна синоќа се случи на плоштадот „Захир Пајазити“ во Приштина, каде се одржуваше шестото издание на манифестацијата „Пиво Фест”, повредени се повеќе од 40 лица.

 

Инцидентот се случил околу 23 часот, на самиот почеток на манифестацијата, кога се слушнало пукање од огнено оружје кое создало голема паника меѓу присутните, кои бегале панично на сите страни, барајќи објект каде да се засолнат.

Приштина_пукање

Во таа панична атмосфера предизвикана е и голема материјална штета.

Бројни полициски сили и многу амбулантни возила веднаш пристигнале на плоштадот.

Еден од оганизаторите на фестивалот на пивото во Приштина, Енѓелуше Латифи изјавила дека станува збор за мал инцидент, кој на почетокот се случил меѓу двајца млади, по што народот го фатило паника и почнал избезумено да бега.