Повеќе од милион луѓе ја дочекаа новата година на Тајмс сквер

0
398

Новата година пристигна и на американскиот континент, а повеќе од милион луѓе се собраа на њујоршки Тајмс сквер.

Новата година тие ја дочекаа со бакнежи, воодушевување и извесно олеснување бидејќи најголемата новогодишна прослава во САД мина без проблеми под мерки за безбедност без преседан.

Настапувањето на Новата година беше обележано со спуштање на традиционалната осветлена кристална кугла од врв на небодер во средиштето на познатата раскрсница на Мехетн во согласност со обичај што датира од 1904 година.

Полицијата имаше преземено вонредни мерки за безбедност на собирот кој претставува несекојдневен настан за многу посетители на најголемиот американски град.

Околу 6.000 полицајци – 500 повеќе отколку лани, патролираа во тој дел од градот со кучиња, детектори за радијација и стотици камери за надгледување, а првпат беа распоредени и тешко вооружени припадници на Командата за критичен одговор.