Повеќе од осум илјади набључувачи ќе ги следат изборите

0
698

Изборите во недела ќе ги следат 7.585 домашни и 667 странски набљудувачи. Акредитирани се и 75 странски новинари. Според податоците на Државната изборна комисија, за изборите се акредитирани и 354 преведувачи.

Најмногу домашни набљудувачи имаат акредитирано Граѓанската асоцијација МОСТ – 3.435 и Здружението за хуманитарни активности СИНЕРГИЈА – Штип – 3.387 набљудувачи, ЦИВИЛ – Центар за слобода – 308. А акредитирани се и други домашни набљудувачи.

Меѓу странските, мисијата за набљудување на избори ОБСЕ/ОДИХР акредитираше 281 набљудувач, Мисијата на ОБСЕ во Скопје 65, Амбасадата на САД 51 набљудувач, Парламентарното собрание на ОБСЕ 27…

Најмногу странски новинари кои ќе ги следат парламентарните избори в недела има акредитирано Ал Џезаира Балкан 16, РТВ 21 Приштина акредитираше седум новинари, Државната турска радио телевизија шест, Топ канал Тирана и Ројтерс по петмина новинари…