Повеќе повредени при експлозија на плинска боца во скопско Драчево

0
499

Експлозија на плинска боца опожари куќи во скопското село Драчево. Според првичните информации, експлозијата се случила при монтирање на грејно тело со плинска боца во куќа во доградба, при што повредени се десеттина лица.

Во Драчево попладнево по 15 часот противпожарни возила го гасеа пожарот,  обидувајќи се да спречат да се прошири по околните објекти, каде живееле ромски семејства. На местото дошле и екипи од МВР, а со брза помош поголемиот дел од повредени се пренесени во Градската хируршка болница „Св. Наум Охридски“, додека останатите во скопските клиники.

Неофицијално, експлозијата од плинската боца се случила во куќа каде живееле тројца браќа со семејствата, кои биле собрани на ручек.

Без коментари

LEAVE A REPLY