Повеќе претстави помалку публика

0
995

Битола освен што е позната по славниот Широк Сокак, кафето, добро познато ни е дека Битолчани го обожаваат Битолскиот театар тоа го докажува нивното присуство при секоја претстава, она што е објавено од Државниот завод за статистика во сезоната 2014 / 2015 и 2015/2016 година покажува дека Битола со вкупно 3 театри, изведени 24 дела, вкупно 235 претстави, има 28.125 посетители, додека пак во Прилеп со 1 театар, 11 изведени дела, вкупно 99 претстави 10 гостувања, има 22.080 посетители .

Во Македонија прикажани претстави во професионалните театри е зголемен во однос на 2014/ 2015 и 2015/2016 додека бројот на посетители е намален , тоа го докажува државниот завод за статистика.

Пресметано е дека во во сезоната 2015/2016 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е зголемен за 9,5 отсто, а бројот на посетителите е намален за 1,4 отсто во однос на сезоната 2014/2015 година.
Просечниот број на посетители на една претстава изнесува 200 денари .Во периодот 2015/2016 година, во однос на периодот 2014/2015 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 2 отсто, а бројот на посетителите е намален за 4 отсто. Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е зголемен за 59,5 отсто, а вкупниот број на посетителите е зголемен за 57,5 отсто. Во периодот 2015/2016 година, во однос на периодот 2014/2015 година, бројот на концертите и бројот на посетителите на Филхармонијата е зголемен.

Додека пак кај професионалниот Ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2015/2016, во споредба со 2014/2015, е забележано зголемување на бројот на самостојните приредби, а зголемен е и бројот на посетителите, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.