Повеќе работеле, помалку одмарале и враќале пари на рака

0
1255

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Б.(46) од Прилеп, управител во ДООЕЛ „Скала Трејд“-Битола и против наведеното правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“ и „повреда на правото од социјално осигурување“. Во текот на 2015 и 2016 година, пријавената спротивно на Законот за работни односи од склучени договори за вработување не ги почитувала одредбите во врска со времетраење и користење на годишен одмор, времетрење на полно работно време, повредувајќи ги правата на вработените работници, а исто така не им овозможила користење на здравствено и платено боледување. Исто така, повеќе вработени во правното лице целиот износ од претходно исплатена сума на трансакциона сметка по однос на регрес за годишен одмор за 2014 година на рака го враќале износот во фирмата.