Повеќе реномирани уметници од светот гости на АКТО 10

0
390

10-тото, јубилејно издание на фестивалот на современа уметност Акто, беше со наслов Врвна колекција на АКТО сеќавања и иднини 2006-2015 вол.2 , кое се одржа од 14-ти до 16-ти август на повеќе локации во Битола.

Фестивалот се фокусираше на меморијата и важноста на анализирањето кое води кон креирање на нови реалности, а од друга ја преиспитуваше и релевантноста на своето постоење како фестивал на современи уметности преку темите кои досега ги отворил.

Фестивалот се отвори со изложбата составена од архивата и документацијата на АКТО која колективно ја изработија десетина учесници .

Програмата беше составена од повеќе уметнички проекти, театарски претстави и музички перформанси, филмски проекции, предавања и дискусии. На фестивалот учествуваа повеќе гости уметници од целиот свет меѓу кои, Славен Тољ, уметник со интернационална репутација и моментално директор на Музејот на современа уметност од Ријека,кој на фестивалот го изведе перформансот Убава наша, уметничката група со огромен подем во својата кариера Фокус од Хрватска, Игор Грубиќ, реномиран мултимедијален уметник и перформер познат по своите акции во јавен простор, а фестивалот го градеа и повеќе уметници од Македонија како Никола Узуновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Климент Попоски, Викторија Илиоска, Тања Рибарска и други.tolj1

Тука беше и соработката со режисерот и активист Борис Бакал и организацијата „Фрлачи на сенки“ од Загреб која резултираше со повеќе содржини на манифестацијата.

Важен сегмент на ова случување е музичката програма која се одржа на повеќе локации како и во изминатите девет години -пред дуќанот Божиновски на Широк сокак,каде се одржа и првиот музички АКТО настан, пред куќата Алхамбра, мезе бар „Јагода“, Мобилна/монтажна галерија, со артисти како Паднатите од Марс, Мирко Попов, Мартчин, Андреја Анчевски, Васо, Александар Танчевски, Соња Исмаил, Дејан Декс, Виктор Ристевски, Миле Гроздановски и други.

Она што беше интересно оваа година беше што поголемиот дел од музичките настани се одржуваа во камион.