Повик до иселениците да се вратат и тука да се мажат и женат

0
1479

На трновска средба се сретнаа егејците и иселениците. Во подпелистерско Трново во дворот на црквата Света Богородица како и секоја година така и годинава. Претходно без најава дека ќе ја има, за разлика од годините наназад кога пограничната егејската беше едена недела пред илинденската.

Свеќа во црквата, скара во дворот, пиво за разладување и под некоја сенка.

На оваа средба има многу иселеници кои во овој период се во својот роден крај. И повик до нив да си се вратат дома. Претседателот на Матицата на иселеници ги повика да се вратат во Македонија и како што рече тука да се мажат и женат, тука да создаваат семејства, тука да инвестираат.

Од говорните и порака, односно критики за актуелната политичка криза и како што рекоа странското мешање.

Имотите за кои многу се зборуваше се уште веруваат дека ќе им бидат вратени. Сигна поздрав и од Измир Турција.

Петров од говорницата од Трново предупреди на како што вели менаџирањето на кризата од страна на надворешен фактор.