Повик од муфтиството до верниците

0
148

Зеќат е четвртиот активен битен елемент на исламот и се поврзува со богатството на муслиманите. Сите муслимани кои имаат определено богатсво (над основното за живот) се задолжуваат да делат дел (дел од 2,5% на крајот на годината) од своето богатство за сиромасите, делењето е во споредба со богатството што го имаат. Токму заради тоа од битолското Муфтиство ги потсетуваат верниците дека во последните денови од Рамазан треба да ги извршат своите материјални обврски, Зеќат и Садекатул Фитр. Муфтиството од Битола упатува отворен повик до сите верници на нејзина територија, за да внимаваат при извршувањето на оваа обврска и да го извршат онака како што е одредено од Алах и Ријасетот на ИВЗ, односно единственото место каде што верниците треба да го насочат/уплатат својот Зеќат и Садекатул Фитр се воспитно-образовните институции на муслиманите на РМ, како што се Факултетот за Исламски Науки и Медресето Иса Бег, додека начинот, како и секогаш досега, е организиран преку Муфтиствата на ИВЗ. Од Муфтиството напоменуваат дека секој што ќе се обиде при извршувањето на оваа обврска да се повика на слободна воља и да не го почитува Кур’ан и ставот на Ријасетот на ИВЗ, нему ниту Зеќатот ниту пак Садекатул Фитрот нема да му биде прифатен од страна на Алах, додека Муфтиството на ИВЗ од Битола, на никаков начин нема да биде обврзано да им изврши било каква услуга на таквите лица.