Повик за глобално примирје за време на Олимписките игри 2018

0
87

Генералното собрание на Обединетите нации ја одобри резолуцијата со која се бара од сите држави да ги запрат конфликтите и да учествуваат во примирје за време на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг во Јужна Кореја,  следната година.

Резолуцијата, која беше усвоена со удар на чекан од претседателот на Собранието, Мирослав Лајчак и поздравена со голем аплауз, ги повикува сите земји-членки да учествуваат во примирјето кое би требало да трае седум дена пред почетокот на Олимписките игри на 9 февруари, до седмиот ден по нивното завршување, на 18 март. 

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах  рече пред 193-членото тело на светската организација дека со оваа резолуција Генералното собрание „создава услови за сите спортисти да се натпреваруваат во мир”.

– Само земјите-членки на ОН можат да им гарантираат на спортистите сигурен пат на Олимпијадата. Тие им овозможуваат на сите олимписки натпреварувачи  да го реализираат својот животен сон, рече Бах.