Повик за јавна дебата

0
420

„ Целата постапка за добивање на концесијата (според нас) била и е нецелосно транспарентна и недостигаат голем број на одговори за истата. Се обративме до општина Битола и добивме одговор, кој вели дека концесионерот поднел барање за спроведување на постапката за добивање на Б интегрирана дозвола.

Отпочнувањето со ископ на оваа локација наиде на голем револт и гнев кај нас, граѓаните на Битола, особено по фактот дека ние, Битолчани дишиме енормно загаден воздух во поголем дел од годината.Фактот дека на само стотина метри од нашите живеалишта, покрај сите загадувачи и енормната загаденост на воздухот кој го дишеме, се врши ископ, кој е потенцијална закана за нашето здраје и нарушување на животната средина е загрижувачки. Заради тоа, сите ние сме доведени до ситуација во која шпекулираме, претпоставуваме, се расправаме и дебатираме, загрижени и исплашени за нашето здравје. Постојат многу неодговорени прашања, а кога е во прашање здравјето на граѓаните неопходно е целосно расветлување на случајот  со каненоломот за кој станува збор.

За таа цел, ние како здружение имаме предлог, кој во ова прилика јавно го упатуваме до сите инволвирани во овој случај. Предлагаме јавен собир или трибина, за која по писмен пат ќе поканиме претставник на правниот субјект концесионерот на каменоломот, претставник од општина Битола, кој е вклучен во процесот на издавање на Б интегрирана дозвола, како и лице од министерството за економија или некое друго министерство, кое е соодветно на овој процес. Јавниот собир или трибина, која ја предлагаме, во целост ќе ја организира нашето здружение. Потребно е само погоре повиканите, да посочат датум и време кога би биле во можност да го обзнанат целиот процес, со цел да ги решат сите или поголем број на дилеми, кај граѓаните на Битола“ рече Илија Балтовски од здружението За нас се работи.