Повлечен сирупот „ЕФЕРАЛГАН“

0
539

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) извести дека на барање на производителот „Бристол маер“, Франција го повлече сирупот „ефералган“ од 30 мг/мл од аптеките. Повлекување, како што објаснуваат од Агенцијата, не е поради квалитетот на лекот, туку како мерка на претпазливост откако производителот открил мали пластични честички (неинфективни) во опремата за пакување на производот, и тоа од надворешната страна.

Од Агенцијата смируваат дека нема место за паника, и дека станува збор за доброволно повлекување на лекот од пазарот во сите земји до ниво на аптека, а не до ниво на пациент, бидејќи не е во прашање квалитетот на лекот.

До вчера од пазарот се повлечени 1.231 сируп, и тоа од 6 серии: Р1447, Р4737, Р6077, Р9468, Р1767 и Р3180. Останатите серии не се предмет на повлекување.

Без коментари

LEAVE A REPLY