Повлечен Законот за медиумско рекламирање

0
159

Известување дека Владата го повлекува законот за медиумски реклами и кампањи стигнало вчера попладне до пратениците. Предлог-законот за владини реклами реклами вчера требаше да се најде на седница.

– Пратеничката група на СДСМ во Собранието спречи уште една лудост на ВМРО-ДПМНЕ. Законот за владино рекламирање со кој власта сакаше да ја запечати корупцијата на медиуми со државни пари е повлечен благодарејќи на жестоката реакција на опозицијата – изјави пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ.

На ова реагираше ВМРО-ДПМНЕ оценувајќи дека „СДСМ е непријател на медиумите и не сака регулирање на владиното рекламирање по урнек на европските модели“.

– За СДСМ единствено се прифатливи медиумите кои се дел од „Фабриката“ финансирана од политичкото раководство на СДСМ/Сорос – се вели во реакцијата.