Повлечете ја одлуката за прекин на постапките против мене

0
515

Никола Груевски се огласи на повикот на претседателот Ѓорге Иванов, кој рече дека секој, кој смета дека треба да биде изземен од одлуката за прекин на кривичните постапки, да го стори тоа со писмено барање. Груевски, веднаш после прес-конференцијата на Иванов, поднел барање за поништување на одлуките за прекин на кривичните постапки, објави Телеграф.мк.

Барањето се однесува на секоја поединечна одлука која беше објавена во службен весник и која се однесува на Никола Груевски.

Денеска, претседателот Иванов соопшти дека не ја повлекува одлуката за општа аболиција, но дека остава можност секој кој сака лично да побара барање за повлекување на одлуката која се однесува на него.

Без коментари

LEAVE A REPLY