Повлекувањето на ДУИ од владата ќе беше само политичка порака

0
510

Повлекувањето на министрите на ДУИ од владата е вреден потег, но само како испратена политичка порака, а не и решение на проблемот, изјави на вчерашната дебатна емисија Клик плус Бујар Османи.

„Ние не сме ја затвориле оваа тема. Но, она што се зборуваше по медиумите, дека ова повлекување на една третина од министрите на ДУИ од Владата ќе значи деблокада на Собранието, не е вистина. Повлекувањето на министрите на ДУИ од Владата нема да има правни последици. Она што се велеше дека со нивната оставка ќе падне целата влада, тоа не е вистина. Има политичка порака што ДУИ  е спремна да ја пренесе и со оставка на министрите за да се покаже дека нема никакво двоумење, и дека ДУИ ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за да креира нови институции и да се материјализира новата коалиција со СДСМ“, изјави Бујар Османи.