Повредата ќе го оддалечи Роналдо еден месец надвор од терените

0
596

Кристијано Роналдо, поради повредата на коленото, еден месец ќе мине на рехабилитација.

Најдобриот португалски играч, поради повредата, финалето на ЕУРО 2016, го заврши во 25-та минута. Роналдо се повреди уште во осмата минута при еден дуел со Дмитри Паје, се обиде да го продолжи мечот, но во 25.минута на носилки беше изнесен од теренот.

Според докторскиот извештај, Роналдо ги повредил лигаментите, ќе мора да одмора еден месец, што значи дека ќе го пропушти дуелот помеѓу Реал Мадрид и Севилја на 9.август во рамките на европскиот Суперкуп.