Повреден 67 годишен велосипедист

0
1137

фото: архива

На 07.03.2016 година во 11.15 часот во Битола, на крстосницата од ул. „Столарска“ и ул. „Филип Втори Македонски“, се случила сообраќајна незгода во која К.Б. (64) од Битола, управувајќи ПМВ „Цитроен берлинго“ со битолски регистарски ознаки, удрил во велосипедистот А.М. (67) од Битола. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот А.М., кој бил однесен во Клиничка болница Битола од каде, по укажаната помош , бил пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа на СВР Битола.