Повреден малолетник во сообраќајката кај Техничкото училиште

0
1324

Во текот на вчерашниот ден, во 18,50 часот во битолската полиција е пријавена сообраќајна незгода на крстосницата меѓу улиците „Партизанска“ и „Михајло Андоновски“ каде се судриле „Мерцедес бенз“и мопед марка „Априлија“ и двете со битолски таблици. Во незгодата се здобил со телесни повреди возачот на мопедот кој е малолетен и тоа (набиеници по телото констатирани од Доктор, и истиот е, задржан на болничко лекување, заради лесен потрес на мозокот) со него на мопедот имало уште едно малолетно лице кое поминало без повреди. Местото го обезбедила полицијата, а известен е Јавен Обвинител по извршениот увид од страна на полицијата.