Повредени полицајци во немирите на Корзика

0
165

Четворица полицајци се повредени при судир со десетици маскирани Корзиканци на медитеранскиот остров.

Во среда вечер се случија немири во Бастија, на североисточниот дел на Корзика, кога неколку десетици млади Корзиканци излегоа на насилни протести.

Младите се забележани како фрлаат Молотови коктели и други проектили кон полицијата, додека други палеа контејнери по улиците.
Еден паркиран автомобил беше запален.

Министерот за внатрешни работи Бернард Казанев ги осуди штетите и неприфатливото насилство.

Покрај насилството по улиците, полицијата не уапси никого, а мирот на улиците беше вратен околу 23 часот, соопшти министерот за внатрешни.

Младите протестираат во поддршка на нивни тројца сограѓани на кои им се суди во Париз, за наводно учество во напад на полициска станица во 2012 година.

Обвинителот побара до осум години затвор за тројцата, кои се членови на Младинското корзиканско сепаратистичко движење, Ghjuventù Indipendentista.

Насилни конфликти на Корзика се случуваат од 1970 тите години. Некои националисти сакаат затворено општество без странци, додека некои само сакаат независност на островот кој секогаш бил воден од друга држава./крај/тл/бб