Повредени, уапсени, искршени излози – ден по протестите во Подгорица

0
1290

Дваесетина повредени полицајци и најмалку дупло граѓани, искршени излози. Ова е епилогот од синоќешниот протест на опозицијата која обвини за прекумерна употреба на сила од страна на полицијата, додека власта обвини дека имало обид да се “урне државата“. Мило Ѓукановиќ не падна, но го доживеа првиот масовен протест пред неговата врата.

Протестот во Подгорица во организација на Демократскиот фронт синоќа се претвори во судир со полицијата која со солзавец и шок бомби ги растера демонстрантите. Солзавец добија и новинарите, кои обвинуваат дека полициата намерно го направила тоа само да не снимаат што се случува.

Според министерот за внатрешни работи на Црна Гора демонстрантите фрлале молотови коктели и камења на полицијата, и затоа морале да реагираат со “прекумерна употреба на хемиски средства“ за да нема судири.

Без коментари

LEAVE A REPLY