Повредени ученици во сообраќајка на патот Демир Хисар-Кичево

0
1549

Денес околу 07,30 часот на патниот правец Демир Хисар-Кичево, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од 56 годишен жител на Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван 49 годишен жител на с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар. При несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето, а со телесни повреди се здобиле учениците. На истите им била укажана лекарска помош во Клинички центар Битола. Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот, соопшти МВР.