Повредените ученици пуштени на домашно лекување

0
960

Директорот на клиниката во Битола д-р Зоран Лазаров изјави дека биле примени 12 лица од денешната сообраќајна незгода, десет ученици и двајцата возачи.

Учениците се пуштени на домашно лекување како и еден од возачите, а другиот е задржан на лекување.

Денес околу 07,30 часот на патниот правец Демир Хисар-Кичево, се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар. При несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето, а со телесни повреди се здобиле учениците. На истите им била укажана лекарска помош во Клинички центар Битола. Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот.