Поврзување на Балканот преку универзалниот јазик на танцот-Балкан денс проект

0
230

Современата балетска претстава Балкан денс проект, копродукција меѓу Словенија, Македонија, Србија, Хрватска, беше презентирана пред битолската јавност.

Се работи за претстава што ја работеа двајца кореографи и тоа Игор Киров од Македонија и Александар Илиќ од Србија.

Низ своите приказни уметниците го споделуваат својот индивидуалзиам, а во исто време истражуваат нови искуства за животот на Балканот.

Во проектот учествуваат 4 танчери и една која игра само во балетскиот дел на Илиќ.

Целта на проектот е поврзување на балканските земји преку јазикот на уметноста кој сите одлично го разбираат, во конкретниов случај преку танцот.

Инаку Киров, постави проект и на овогодинешното издание на Сплитско лето, со наслов 5 до 12, проект по музика на Кирил Џајковски,проект кој и периодов е на репертоар на ХНК.во Сплит.

На 24-ти ноември, битолчани ги очекува уште едно балетско претставување по кореографија на Киров.

 

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY