Повторно акција за Диво Насеље- осомничените во бегство

0
292

Полицијата утрово на неколку локаци во Куманово и во скопско вршела претреси и барала осомничени за поврзаност со терористичката група од Диво Насеље во Куманово. Од МВР соопштија дека лицата кои ги барале биле недостапни, но дека во претресите се обезбедени предмети кои се предадени на анализа во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Од МВР не соопштуваат детали по колку осомничени се трага и се недостапни и не ги коментираат информациите објавени на интернет портали дека биле упасени тројца.

Осомничените според МВР биле вмешани и и помагале на групата која на 9-ти и 10-ти мај во кумановската Дива Населба два дена војуваше со припадниците на специјалните полициски единици. Тогаш загинаа 8 полицајци, над 30 беа повредени, а беа откриени тела на 10 загинати припадници на групата осомничена за тероризам, од кои 9-мина беа од Косово, а само еден македонски државјанин. Уапсени се уште 28 осомничени, а еден полицаец минатата недела беше ослободен затоа што истрагата покажала дека тој не бил дел од групата.