Повторно е дозволено емитување на македонска музика

0
545

Министерството за култура донесе Решение за запирање од извршување на Одлуката на Собранието на Зружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) со која се забранува емитување на авторски музички дела по пат на радиодифузно емитување.

“Се констатираше дека Одлуката не е во согласност со одредбите од Законот за авторското право и сродните права. Во согласност со член 157 став 1 од Законот, доколку во спроведување на надзорот над актите на организацијата за колективно управување Министерството за култура оцени дека општ или поединечен акт не е во согласност со Законот, статутот, односно договорот за основање, со решение ќе го запре од извршување и ќе поведе постапка пред надлежниот суд за оцена на законитоста на актот”, стои во соопштението на Министерството за култура.

O­д Министерството потенцираат дека авторите на музички дела имаат право преку соодветната организација за колективно управување или индивидуално да забранат користење на нивните дела, но на начин и под услови кои се во согласност со Законот за авторското право и сродните права

Зружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) забрани јавно емитување на музика од автори, кои се нивни членови, а забраната стартуваше од 20 септември.

Причина за ова, како што наведоа  од ЗАМП, е повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз работењето на ова Здружение и создавањето на можноста да се формира паралелно здружение за истите права, во случајов СОКОМ МАП.