Повторно одложена седницата на советот на јавни обвинители

0
345

Седницата на советот на јавни обвинители, на која требаше да се разгледува првиот шестмесечен извештај на специјалниот јавен обвинител, Катица Јанева, денеска повторно е одложена.

Советот на јавни обвинители најави дека до Вторник ќе ја чека Јанева да се појави на седницата.

Претходно, претседателот на ова тело, Петар Аневски, изјави дека присуството на Јанева е потребно за разјаснување на нејаснотии во нејзиниот извештај.

Истовремено, по втор пат е презакажана и седницата на собраниската комисија за политички систем, на чиј дневен ред исто така е извештајот на СЈО.

Членовите на оваа комисија исто така инсистираат на неа да присуствува Јанева.

Од СЈО тврдат дека Јанева нема никаква обврска да присуствува на седниците на кои се разгледува Извештајот, ниту пак да го образложува, туку само обврска да го поднесе.

Без коментари

LEAVE A REPLY