Повторно одложено рочиштето за „Диво насеље“

0
643

Судењето за процесот „Диво насеље“ и денеска се одложи откако на адвокатите на обвинетите не им беше дозволено да влезат во судската сала на Врховниот суд, за каде Основниот суд Скопје 1 имаше дозвола од министерството за правда да го одржи рочиштето.

Во големата сала на Врховниот суд стигнаа само обвинетите , Судскиот совет, а подоцна беа повикани јавните обвинители за да им биде соопштено дека рочиштето е одложено за 6 јуни. Според изјавата на Обвинителката од Обвинителството за организиран криминал, Вилма Рускоска, судењето се одложило затоа што полицијата на Врховниот суд, не ги пуштила адвокатите и јавноста во судница, како и новинарите.
Судот на почетокот на овој месец донесе одлука со овој предмет да ја  спои постапката со случајот „Молња“, односно со логистичарите кои беа уапсени пред неколку месеци. За настаните од „Дива населба“ обвинети се 29 лица, а како логистичари осум лица.