Повторно отворена амбасадата на Велика Британија во Техеран

0
184

Амбасадата на Велика Британија во Техеран денеска е повторно отворена, што се оценува како историски чекор кон подобрување на односите меѓу Западот и Иран. На повторното отворање на амбасадата присуствуваше британскиот министер за надворешни работи Филип Хамонд, кој повторно го крена знамето на Велика Британија во дворот на резиденцијата од 19 век во Техеран, по четири години од нејзиното затворање.

– Повторното отворање на нашата амбасада претставува клучен чекор во подобрување на билатералните односи. Првично сакаме да се осигура дека нуклеарниот договор е успешен, вклучително поттикнување на трговијата и инвестициите, по укинување на санкциите, изјави Хамонд, пренесува Би-Би-Си.