Повторно поскапе билетот за воз за беглаците – сега ќе плаќаат по 25 евра

0
319

Министерството за внатрешни работи за изминатите 24 часа издало 2.413 потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил.

За транспорт со воз од Гевгелија до Табановце од денеска бегалците плаќаат по 25 евра, реагираа граѓански активисти. Цената досега беше 10 евра.

Ова е второ големо поскапување на билетите, откако почна транспортот на мигрантите. До јуни, цената беше 5 евра.

Тоа покачување беше објаснето со зголемените трошоци на македонски железници.