Повторно солзавец во косовскиот Парламент

0
418

Седницата на косовскиот парламен денеска е прекината веднаш по започнувањето, откако опозицијата повторно фрли солзавец во салата. Инцидентот се случил во  момент кога се обраќал претседателот на „Самоопределување“, Висар Имери.

Косовската опозиција, како што известуваат медиумите, најавила дека ќе ја блокира денешната седница на Парламентот.

Пред зградата на Собранието во Приштина веќе има голем број приврзаници на опозицијата, кои бараат распишување вонредни избори и поништување на спогодбата за Заедницата на српски општини, како и демаркација на граничната линија со Црна Гора.

Без коментари

LEAVE A REPLY