Повторно судир на бегалци во пренатрупаниот камп во Грција, има повредени!

0
311

Најмалку пет лица се повредени после судирите кои рано утрово избија помеѓу сириски и авганистански мигранти во преполниот камп на грчкиот остров Хиос.

Ова е последен во низата насилни инциденти во приватните центри во камповите и прифатните центри ширум Грција, каде останале заглавени 50 000 мигранти и бегалци после затворањето на балканската рута.

Грција ги притвора мигрантите кои дошле во земјата после 20 март и ќе почне следната недела да ги депортира во Турција согласно договорот на ЕУ и Анкара.

Според информации на агенциите најпрво ќе бидат депортирани мигранти чии барања за азил се сметаат како неприфатливи, оценувајќи дека во таа група веројатно спаѓаат Авганистанци.

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу изјави претходно дека спогодбата на ЕУ-Турција, која предвидува бегалците кои од турскиот брег стигнат на грчките острови да бидат вратени назад во Турција, ќе стапи на сила во понеделник според договорот.

Со спогодбата ЕУ-Турција е утврдено дека ЕУ за секој во Турција вратен имигрант, кој илегално од турска територија дојде во Грција ќе прифати доселување на еден воен бегалец од Турција, бидејќи таму ќе се утврди дали има право на азил во Унијата.