Повторно запалено стрниште во центарот на Битола

0
2084

Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.Но очигледно тоа не го заплашило сторителот кој што предизвикал пожар на ова стрниште во градот кое што се наоѓа во близина на СИМПО . Фотографиите кои што кружат деновиве на социјалните мрежи предизвикаа бројни реакции. Зошто некој пали сред бел ден кога температурати се многу високи? Дали тој некој се запрашал дека со самото палење предизвикува опасност кај населението, кои е што стравува од ширење на огнот кој што не дај боже може да ги зафати околните објекти? Дали тој некој размислува дека со палењето на огнот ја загадува и животната средина?

13529191_10210066803016055_2803256502166936317_n

Ова не е прв пат да се пали јавен простор во градот. Повеќе случаи имаше и минатата година.

Се јавивме во Секторот за инспекциски работи во општина Битола за да прашаме дали нивни службеник излегол на терен и дали се казнило лицето кое што го запалило огнот

13592440_10210066774015330_8207831797572590856_n

Од таму не информираа дека комуналната инспекција при Општина Битола, по телефонска пријава од граѓани, излезе на терен на 22.06.2016 во 12.30 часот на споменатата локација. Телефонската пријава се однесуваше на фрлање смет во близина на контејнерите во населбата Симпо, по што е пријавено во ЈП Комуналец, чија екипа излезе на терен и презеде мерки за расчистување на теренот.

13507259_10210066749974729_4473741951767533112_n

Согласно член 43, глоба во износ од 50 евра во денарска противредност ќе му се изрече на физичко лице во мандатна постапка, ако постапува спротивно на одредбите од Одлуката за комунален ред.

Согласно член 23 од Законот за ловство (за кој не е надлежен општинскиот инспекторат), Забрането е палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиште. Според член 77 од овој закон, глоба во износ од 6000 до 8000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на концесионерот на дивечот во ловиштето или на друго правно лице, ако во ловиште пали стрништа, плевел или други растителни отпадоци.

Во изминатиот период од страна на општината Битола не се изречени казни за физички или правни лица, но општината продолжува со преземање на мерки и активности за превентивно делување, со цел заштита од шумски пожари и други пожари на отворен простор, се вели во соопштението од општина Битола

Ваквата состојба наложува поголема будност и мобилност на сите субјекти во заштитата од пожари. За поголема заштита и заедничко превентивно делување, се препорачува:

  • Да не се пали оган на отворен простор,

  • Да не се палат стрништа и меѓи

  • Да не се фрлаат стаклени шишиња и друга стаклена амбалажа на отворен простор

  • Да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал,

  • Да не се фрлаат отпушоци од цигари во шума и на друг отворен простор.

Против прекршителите на овие предупредувања, од општинскиот инспекторат, потсетуваат дека ќе се преземаат соодветни мерки согласно законските прописи. Но, целта не е да се казнуваат граѓаните, туку свесно и совесно сите заеднички да дадеме свој придонес за заштита на животната средина.

13599740_810402885762483_1515385867_n

Синоќа пак гореше на баиркиот рид. Од ТППЕ во Битола не информираа дека била запалена трева, по дојава на граѓани во 23.15 минути едно против пожарно возило било испратено на терен, и пожарот бил локализиран 10 минути по полноќ.