Повторно започнува продажба на Нокиа 3310

0
289

Страната AliExpress објавила дека за неколку дена во продажба ќе пушти нови модели на Нокиа 3310, кои ќе се продаваат по цена од шест евра.

Популарниот телефон своевремено направи револуција во продажбата на мобилни телефони, а преку оваа страна може да се нарача од Сингапур, од каде ќе биде доставен за три до четири недели, без плаќање на трошоци за царина.

Периодот кога овој модел на мобилен се појави на пазарот беше со напредни функции, а траењето на батеријата е нешто за кое може да сонуваме со новите модели на мобилни телефони.