Пожар близу „Порто Карас“ на вториот крак во Грција

0
1356

Голем шумски пожар ја зафати шумата во близина на Порто Карас на вториот крак во Грција каде што во моментов има многу туристи од Македонија.

Дел од нив, како и доста туристи од Србија се заглавени поради огнената стихија која се прошири во близина на патот, што ги оневозможува туристите да се засолнат подалеку од пожарот.

Во напорите за гасење на огнот учество земаат и екипи кои се обидуваат да го гасат огнот со авиони.

Пожарот зафати воглавно ниска шума и грмушки, но ветерот во значителна мера ја отежна работата на пожарникарите, кои стигнаа на лице место со неколку возила.